Фудбал
Кој, ако не тој – Емилијано Мартинез е број 1 меѓу голманите
Еден од хероите на Аргентина на патот кон третата светска титула на оваа земја, Емилијано Мартинез е избран за голман број 1 на Светското првенство во Катар.
Искусниот голман имаше одлично Светско првенство, правејќи голем број клучни одбрани. Тој стана херој за Албиселесте во четврт-финалето на пенали со Холандија кога одбрани два удари од белата точка за Лалињата, како и во пенал серијата во финалето против Франција.
Тогаш Дибу Мартинез го одбрани ударот на Кингсли Коман за да и помогне на Аргентина да го освои третото Светско првенство.