Connect with us

Кошарка

Кој друг ако не Дончиќ, Далас се избори за мајсторка, Мајами е во полуфинале (ВИДЕО)

Мајами Хит славеше со 99:90 на гостувањето кај Филадефија, па со вкупни 4:2 се пласираше во полуфиналето од плеј-офот каде ќе игра против подобриот од дуелот на Бостон Селтикс – Милвоки Бакс.

Во текот на целата серија, Ембиид и Харден се надвор од ритам, во целосна беспомошност, а без најдобрите овој тим нема апсолутно никакви шанси против Мајами, кој синоќа ја заврши работата на крилата на Батлер. Батлер постигна 32 поени со осум скока. Струс додаде 20 поени со 11 скока, а двоцифрен и понатаму беше П.Џ. Такер со 12, Адебајо и Херо со по 10 поени.

Во дуелот меѓу Далас Маверикс и Феникс Санс видовме ремек-дело, откако Далас синоќа на својот паркет победи со 113:86, израмнувајќи ја серијата на 3:3.

Кој друг ако не Лука Дончиќ. Словенецот постигна 33 поени со 11 скока и осум асистенции, а без сомнение е најзаслужен што Мавси се уште имаат можност да одат во полуфиналето. Во победата придонесе и Булок со 19 поени, Брунон постигна 18, а Динвиди 15.

На спротивната страна Ајтон дојде до дабл-дабл учинок со 21 поен и 11 скока, додека Девин Букер постигна 19 поени со осум скока, а Крис Пол 13 поени.

 

Реклама

Facebook