Connect with us

Фудбал

Кој е тука луд? Претседателот на Рома откри се, а потоа кажа дека само се шегувал

Претседателот на Рома, Џејмс Палота кажа дека само се шегувал кога ги претставил големите трансфери.

Сопственикот на Рома денеска престојувал во Неапол, а на новинарите им рекол дека бразилскиот голманот Алисон ќе оди во Реал Мадрид, додека Раџа Наинголан ќе премине во Интер.

„Алисон вреди многу, потребни ви се 78 милиони евра, тој е блиску до Реал Мадрид, а Наинголан би требало да оди во Интер“, кажа американскиот бизнисмен за новинарите во Неапол.

Работата е во тоа што првиот човек на Рома брзо кажа дека сето тоа било само шега.

„Не беше ништо сериозно за било што сум кажал во моментот додека јадев пица. Само глупав американски хумор кој, некој не може да го разбере“ кажа Палота.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com