Кој ќе ги „лечи“ „фармацевтите“? Спортинг немаше милост за битолскиот тим

Шести пораз за битолски Еурофарм работник во рамките на Лигата на шампиони.

На гостувањето кај Спортинг, Еурофарм Работник загуби со 36:26.

-текстот продолжува по рекламата-

Во првите 10-тина минути битолчани се држеа кога беше 6:6. Од тој момент Спортинг влезе во одличен ритам и со серија од 10:2, домаќините имаа двојно повеќе погодоци (16:8).

Во второто полувреме разликата ниту еднаш не падна под 4 гола предност за Португалците (21:17). а Спортинг на крајот и прв пат поведе со 10 гола, што се покажа и како конечен резултат.