Connect with us

Фудбал

Кој ќе седне на клупата на Бразил. Роналдо призна: Гвардиола не одби, тој е најплатениот тренер во светот

Поранешниот бразилски фудбалер Роналдо призна дека менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола бил заинтересиран да ја преземе репрезентацијата на Бразил.

Бразил остана без селектор, бидејќи Тите поднесе оставка по елиминацијата во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.

„Разговарав со Гвардиола и неговиот стручен штаб, но тој реши да го продолжи договорот со Манчестер Сити. На бразилскиот фудбалски сојуз би му било тешко да се договори со Гвардиола, бидејќи тој е најплатениот тренер во светот – изјави Роналдо на својот канал на Јутјуб.

Тој тврди дека Фернандо Диниз би можел да биде новиот селектор на Бразил.

– Мислам дека сите ќе бидат изненадени кога ќе биде објавено името за новиот тренер. ФС Бразил размислува за многу тренери, а во игра се и некои странци. Од федерацоијатаѓ смета дека Диниз би бил атракција за бразилската репрезентација. Тој е тренер кој негува врвен фудбал, кој приредува шоу – изјави Роналдо.

Диниз (48) моментално е тренер на Флуминенсе, а пред тоа меѓу другите ги водеше Васко де Гама, Сантос, Сао Паоло, Атлетико Паранаенсе.