Connect with us

Фудбал

Кој вели дека Роналдо не е тимски играч? Можеше да даде гол, но му асистираше на Фернандеш (ВИДЕО)

Португалија со 3:0 убедливо славеше против Турција. Конечните 3:0 ги постави Фернандеш на асистенција на Кристијано Роналдо. Капитенот на Португалија избегна офсајд замка, излезе сам со голманот на Турција, но наместо да шутира, одлучи да го проигра Фернандеш и да биде во улога на асистент.