Connect with us

SPORTM.mk

Која е причината за подемот на Карим Бензема-Професорот Арсен Венгер со објаснување!

Кралевите постигнаа два гола во чудесниот пресврт во судиското продолжение, а потоа во дополнителното време Карим Бензема постигнаа гол за победа од 3:1 и пласман во финалето. Карим Бензема ладнокрвно го реализираше пеналот и веројатно со пласманот во финалето ја обезбеди титулата најдобар светски фудбалер за оваа сезона.

Славниот Арсен Венгер смета дека Бензема дошол до врвот благодарение на тоа што ослабел по 30-тата година од животот. Тој верува дека порано имал прекумерна тежина.

“Тој е демонстрација на интелигенција и ефикасност. Сè што прави е интелигентно и изгледа едноставно. Кога ќе го видам како игра, мислам дека и јас го можам тоа. Никој друг не го користи ритамот на играта како него“, истакна Венгер и додаде:

„Бензема, според мене, до 30-тата година имаше два или три килограми прекумерна тежина. Сега тој е вистински спортист и затоа е еден од најдобрите напаѓачи во светот“, изјави Венгер.

Карим Бензема оваа сезона постигна 43 гола во исто толку настапи за Реал Мадрид, а на 11 натпревари во Лигата на шампионите постигна 15 гола.