Тајмаут
Која е убавицата во бикини на плажа со Новак Ѓоковиќ? (ФОТО)
Новак Ѓоковиќ во текот на претходната недела учествуваше на турнирот во Дубаи каде стигна до полуфиналето и го заврши натпреварувањето со пораз од Данило Медведев. Српскиот тенисер очигледно решил да се почести со неколкудневен одмор на позната туристичка дестинација – во друштво на пријатели, а една убавица го замолила за фотографија.
Русинката Дарија, која вообичаено живее во Обединетите Арапски Емирати, на својот Инстаграм профил се пофали со фотографија со најдобриот тенисер во историјата. Двајцата позираа на плажата, подготвени за капење, а позади се гледа хотелот Бурџ Ал-Араб, еден од симболите на градот.