Фудбал
Коларов ја одбил понудата на Интер
Српскиот интернационалец Александар Коларов останува до крајот на сезоната во Интер. Како што пишува „Кориере дело Спорт“, тој ја одбил понудата од Интер уште во зимскиот рок да му биде раскинат договорот и да може како слободен да се пресели во друг клуб. Сепак, тој одбил и ќе остане во Милано до крајот на сезоната, кога и му истекува договорот. Сепак, Симоне Инзаги, тренер на Интер, не смета на неговите услуги.
Коларов има 36 години, а според италијанските медуми, тој откако ќе му заврши договорот со Интер, ќе се пензионира. Коларов во Интер дојде во 2020-та година, одигра само 20 мечеви во сите конкуренции, но сепак се закити со шампионски медал.