Connect with us

Фудбал

Колку пати да го гледате голот на Лаутаро против Ливерпул, толку пати ќе кажете браво (ВИДЕО)

Интер славеше со 1:0 на гостувањето кај Ливерпул, но попусто кога англискиот тим се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите, благодарејќи на победата во првиот меч во Милано со 2:0. За волја на вистината Ливерпул имаше неколку добри шанси, а дури три пати ги погодуваше рамките од голот на противникот. Сепак, ѕвезда на вечерта секако е Лаутаро Мартинез кој постигна фантастичен гол. Само неколку минути подоцна Интер остана со играч помалку откако Санчез заработи втор жолт картон, а со тоа и црвен, што секако го смени текот на мечот, инаку ќе гледавме фантастичен меч да не беше овој момент.