Фудбал
Коментар во „Марка“: Македонијо извини, ама не може Роналдо да гледа Светско првенство на телевизија!
Во свој коментар за шпанска „Марка“, спортскиот новинар Диего Пико со анализа, но и осврт на она што не очекува вечерва. Секако, навива за пласман на Португалија на СП.
Светското првенство без Кристијано Роналдо би било помалку Светско првенство. Прости ми Македонија, но турнир без Португалија на Кристијано е како недела без пари. Неподносливо. Се подразбира дека големиот шампион на светскиот фудбал сака последен танц против својот голем ривал, неговиот омилен негативец, Лионел Меси.
Аргентинецот веќе го има својот билет и гледа, опуштено и пиејќи го чека својот другар. Сигурен сум дека Меси сака Кристијано да биде во Катар и обратно.
Веројатно, оставајќи го на страна непријателството што многу навивачи го чувствуваат кон португалската икона, сите ќе се согласиме дека во едно попладне овој ноември повеќе би сакале да ја видиме Португалија против Аргентина отколку Македонија против Аргентина. Дури и ако тоа значи дека ми е забранет влезот во земјата на Енис Барди, тој брилијантен играч на Леванте, во ова верувам.

Кристијано има играно на четири Светски првенства и покрај тоа што има 37 години, се уште не ја отфрлил можноста да игра на следното, кога ќе има 41 година. Ако некој може да се натпреварува на таа возраст, на тоа ниво, тоа е Португалецот, но тоа е уште далеку и приоритет е претстојниот турнир. Прво, Португалија треба да ја победи Северна Македонија и да го стори тоа има тим од играчи од највисоко ниво. Покрај Кристијано се Жоао Феликс, Гонкало Гуедеш, Жоао Кансело, Бруно Фернандеш, Бернардо Силва, Диого Жота… и бескраен тим од ѕвезди кои секогаш се на услуга на големиот лидер.
Покрај неговото спортско и натпреварувачко ниво, и домаќинот Катар има потреба Роналдо да се пласира на турнирот. Роналдо има потреба од Светското првенство. Тој ја зголемува самата големината на настанот и има повеќе следбеници на социјалните мрежи од кој било друг во светот. Кристијано не може да го гледа на телевизија Мундијалот, не можеме да го имаме како телевизиски коментатор на ваков настан. Веројатно нема да го освои, исто како што не го освоил последните четири пати што играл во натпреварувањето, но ако е таму тогаш ќе може да каже пред секој натпревар дека ќе го добие. И никој нема да се осмели да му каже дека нема.