Фудбал
Комплетирано првото коло на Европското првенство за фудбалерки
Со одигрување на двата натпревари од Д-групата синоќа се комплетира првото коло на Европското првенство во фудбал за жени кое се одржува во Англија.
Во првиот дуел, во Манчестер, Белгија и Исланд одиграа нерешено 1:1, додека Франција со убедливи 5:1 ја совлада Италија на средбата одиграна во Ротерам.
Денес ќе биде отворената втората рунда со натпревари од А-групата:
Австрија – Северна Ирска (почеток 18 часот)
Англија – Норвешка (21 часот).