Фудбал
Кон кој ќе се сврти Барселона ако не успеат преговорите со Тер Штеген?
Барселона веќе има еден од најдобрите голмани на светот, фантастичниот Марк Андре Тер Штеген.
Исто така, тука е и неговата замена, искусниот Нето, па малкумина би очекувале дека голманската позиција наскоро ќе биде приоритет во Барселона на пазарот за трансфери.
Сепак, фактот дека Тер Штеген го одложува потпишувањето на нов договор (сегашниот важи до 2022 година и веќе се шпекулира дека многу гиганти го следат развојот на ситуацијата) е голема причина за загриженост на Ноу Камп – тврди каталонскиот „Спорт“.
Истиот весник пишува дека Барселона веќе го постави Андре Онана на Ајакс како приоритет во случај да не успеат преговорите со Германецот.
Сепак, Тер Штеген веројатно сака да остане во Барселона, а Барселона дефинитивно сака да го задржи. Сепак, каталонскиот гигант мора да бидеспремен на се и сега Онана се смета за најдобра можна замена за германскиот голман.
Интересно е што Онана беше член на Барселона, во Ла Масија, но во 2015 година замина во Ајакс и извесно време е брилијантен на голот.