Фудбал
Конечно фудбал: Познат официјалниот датум за старт на Бундеслигата
Германската бундеслига стартува на 16 мај. Сега е официјално, бидејќи ова го објави самата лига, а било договорено на средбата со владините и здравствените власти. Секако дека публика нема да има, ќе има посебни протоколи и заштитни мерки.
Како и да е по големи преговори конечно е одлучено, па Бундеслигата ќе биде првата од „најсилната петорка“ во Европа која ќе се врати на натпреварите.