Connect with us

Фудбал

Конечно: Гризман во емисија во живо ја соопшти големата одлука

Францускиот напаѓач донесе одлука за тоа каде ќе игра наредната сезона.

Напаѓачот на Атлетико Мадрид постигна 112 во четири сезони во дресот на овој клуб, но и покрај тоа што беше поврзуван со Барселона, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, тој сепак одлучил да остане со „Јорганџиите“.

Минатата сезона постигна 29 голови и ја освои Лига Европа, а на Мундијалот во Русија отиде со „мал товар“ за тоа каде ќе игра кога ќе се врати.

Во еден момент се чинеше дека дефинитивно ќе оди во Барселона за 100 милиони евра, но вечерва се обрати преку една шпанска телевизија и кажа дека останува уште некое време на „Ванда Метрополитано“

„Мои навивачи, мој тим, мој дом“ напиша Гризман по обраќањето на Твитер.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com