Connect with us

Фудбал

Конечно падна договор помеѓу Јувентус и големата ѕвезда

Долго време преговараа за продолжување на соработката, а се чини дека е постигнат договор. Јувентус и нивната голема ѕвезда Пауло Дибала најдоа заеднички јазик. Се очекува тој наскоро и официјално да потпише тригодишен договор.

Во Јувентус Дибала ќе заработува осум милиони евра по сезоната што е помалку од неговите барања од 10 милиони евра. Новиот договор на Дибала ќе има важност до јуни 2025 година.