Фудбал
Конечно победа за Димитриевски и Рајо, Енис Барди и Леванте се поблиску до испаѓање (ВИДЕО)
Екипата на Рајо Валјекано за која настапува нашиот голман Столе Димитриевски победи со минимални 1:0 на гостувањето кај Еспањол. Димитриевски настапи од првата минута, а голот за победа го постигна Серхио Гвардиола во 42-та минута. Ова е прва победа за Рајо Валјекано во шпанската лига по пауза од декември месец 2021 година кога на домашен терен славеа против Алавес.
Леванте и Енис Барди се се поблиску до втората лига. Загубија вечерва од Севилја со 3:2, а Барди ги одигра последните 30-тина минути на овој меч. Леванте е на претпоследното место и се чини дека следната сезона ќе играат во Сегунда.