Connect with us

Фудбал

Конечно публика на стадион – играчите со трема, навивачите во транс!

Пред повеќе од една година Владата со одлука на седница забрани присуство на публика на спортските настани, а се тоа поради неконтролираното ширење на коронавирусот.

Денеска по 1 година и 4 месеци, за прв пат навивачи ќе може да се појават ан трибина и да ја бодрат во случајот нашата фудбалска репрезентација.

Македонија од 18 часот игра пријателски натпревар со Словенија, на арената „Тодор Проески“.

За овој натпревар од Владата информираа дека ќе биде со 30% исполнетот на публика од вкупниот капацитет на арената.

Инаку токму за овој натпревар предност имаат здравствените работници кои повеќе од една година деноноќно се борат со коронавирусот.