Фудбал
Конечно зимска пауза во Премиер лигата
Фудбалската асоцијација на Англија најави дека од сезоната 2019/2020 ќе воведе зимска пауза во Премиер лигата.
Фудбалскиот шампионат во Англија е последен од големата петорка кој се уште не воведе зимска пауза во текот на сезоната, но како што се најавува тоа ќе се случи во 2020 година.
Во моментов се разгледуваат опции како да се ослободат термини во текот на јануари за да може да се направи двонеделен прекин на првенството.
Извршниот директор на ФА, Мартин Глен истакна дека петтата рунда во националниот куп ќе се помести кон средината на февруари и на тој начин ќе се остави простор за одмор на фудбалерите на стартот од годината.