Фудбал
Конфликт помеѓу двајцата имењаци во Реал, но сега и двата ја смируваат ситуацијата
Голема криза го тресе Реал Мадрид, кој не славеше на последните пет натпревари, а поразот од Леванте (1:2) на домашен терен како да беше капката која ја прели чашата.
По се изгледа дека Јулиан Лопетеги ќе добие отказ и само се чека моментот кога Реал тоа ќе го соопшти, а во меѓувреме на тренингот дојде и до конфликт.
Наводно младиот бек Серхио Регуило во текот на тренингот го удри и повреди својот имењак Рамос, а капитенот на Реал одговори така што со цела сила ја шутна топката кон него.
Ова беше само потврда за она што со денови се зборува – атмосферата во соблекувалната на Реал е нарушена. Меѓутоа, набрзо се огласија и едниот и другиот, па се обидоа малку да ја „спуштат топката“ и да ја смират целава ситуација.
WATCH: Sergio Ramos lashes out at one of his Real Madrid teammate’s in training. pic.twitter.com/hQiYY84Kph
— Casual Sports News (@casualsportsn) October 22, 2018
„Секогаш со мојот клуб и мојот капитен, утре до победа“, напиша Регуилон, кој така одговори на претходното извинување на Рамос.
