Други спортови
Конор Мек Грегор доживеа сообраќајна несреќа: Ти благодарам Боже, не беше мое време
ММА суперзвездата и поранешен шампион на УФЦ Конор Мек Грегор доживеа сообраќајна несреќа откако велосипедот што го возел го удрил автомобил. Мек Грегор се спаси без посериозни повреди, а на видеото кое го објави на Инстаграм се гледа дека бил помирен кон возачот кој го соборил додека возел.
„Автомобил само налета на мојот велосипед. Возачот едноставно не можеше да ме види од сонцето. Ти благодарам, Боже, не беше моето време. Исто така, благодарение на борењето и џудото. Тоа ми помогна во паѓањето.” напиша тој на Инстаграм.
Мек Грегор не се борел по тешката повреда и скршеница на ногата со која се здоби на последниот меч против Дастин Поаре.