Connect with us

Други спортови

Конор не троши ниту фунта на скапоцени работи

Познатиот УФЦ борец, Ирецот Конор Мекгрегор, важи за еден од најплатените спортисти во светот. Поранешниот шампион во лесна категорија направи фантастична кариера досега, а за тоа најдобро говорат финансиските приливи кои пристигнаа на негова сметка. Тој заработи огромен паричен износ од досегашните борби, но и од приватниот бизнис и продажбата на виски.

Неговата вредност моментно е проценета на 78 милиони фунти, а интересно е тоа што Мекгрегор на облека и скапоцени автомобили не троши ниту една фунта. Причината за такво нешто е сосема едноставна – неговата популарност. Познатите брендови му поклонуваат облека и автомобили, па така Мекгрегор може максимално да ужива во животот.

  • Звучи чудно, но Конор не троши многу пари. Му плаќаат да ја носи облеката на светски познатите брендови, му плаќаат да го вози секој автомобил кој го поседува, во ресторани воопшто не оди бидејќи сака сопругата да му прави оброци… Тој всушност е семеен човек, изјави неговиот тренер Џон Кавенаги.

Мекгрегор уште од сега може целосно да се повлече од УФЦ борбите и да ужива во парите кои ги заработил, но засега тоа не му доаѓа на памет. Иако се збогати, сосема сигурно е дека сака да одработи уште неколку меча со своите ривали и да стане еден од најдобрите во историјата.