Фудбал
Конте: Еден ден ќе ја водам Рома, но тој ден се уште не е дојден
Италијанскиот стручњак Антонио Конте се наоѓа на мета на многу клубови и потврди дека ова лето ќе се врати на тренерските обврски.
Конте веќе година дена е на одмор откако доби отказ во Челзи минатото лето. Сепак, италијанскиот стручњак се уште е под договор со Челзи затоа што не можеа да се договорат околу обесштетувањето кое требаше да го добие поради отказот.
Меѓутоа, Конте потврди дека ова лето ке се врати на тренерските активност и дека доволно одмарал. Поранешниот тренер на Италија се поврзува со многу клубови, а во последно време најмногу со Рома.
Челниците на Рома неколкупати разговараа со Конте, но не го добија одговорот кој го очекуваа. Италијанскиот стручњак за „Gazzettu dello Sport“ изјави дека нема ништо од неговото преземање на римскиот клуб.
„Имам неколку понуди и важно ми е клубот кој ме сака да го знае мојот начин на работа и фудбалот кој јас го преферирам. Се заљубив во Рим додека бев селектор затоа што често бев на „Олимпико“. Тој стадион пружи неверојатна атмосфера, но во овој момент измеѓу мене и Рома навистина нема ништо. Но, верувам дека еден ден ќе ја тренирам Рома, но тој дена се уште не е дојден“, рече Конте