Фудбал
Конте ги загуби нервите: Едвај чекате да плукате по нас!
Во своето интервју за „Скај Спорт“, тренерот на Интер, Антонио Конте зборуваше за тешкотиите низ кои мина неговиот тим на теренот и надвор од него:
„Во Интер воопшто не е лесно. Мислам дека тоа е тим во кој тешко може да се очекува дека ќе преземе погрешни чекори, и да фрли негатива врз околината“.
„Мора да бидеме добри и силни, мора да размислуваме за нас додека продолжуваме да работиме знаејќи дека има луѓе кои едвај чекаат да плукаат по нас. Мора да останеме обединети до крајот на сезоната“, вели Конте.