Connect with us

Фудбал

Конте не е среќен што Премиер лигата ќе продолжи само осум дена по СП: Играчите се премногу уморни

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте „ не е многу среќен“ што Премиер лигата ќе продолжи само осум дена по Светското првенство и навести дека може да ги одмори играчите за натпреварот на „Боксинг деј“ во Брентфорд.

Од 12-те играчи на Тотенхем кои настапија во Катар, Конте ги исклучи францускиот голман Уго Лорис и аргентинскиот дефанзивец Кристијан Ромеро, кои играа во финалето минатата недела, од натпреварот во понеделник.

„Тоа е чудна ситуација и да бидам искрен да играме толку брзо, само една недела по Светското првенство, не сум многу среќен“, рече Конте во коментаротите објавени во британските медиуми во неделата.

„Невозможно е да им се даде многу одмор. Работиме со играчи кои не играле на Светското првенство четири недели. Сега се на ниво кое е подобро од играчите кои играа на Светското првенство. Затоа мислам дека треба да ја донесам најдобрата одлука за натпреварот против Брентфорд“, изјави Конте и додаде дека играчите кои се вратија од Мундијалот во моментов „не се на најдоброто“ ниво.

Уругваецот Родриго Бентанкур ќе го пропушти натпреварот поради суспензија, но исто така се справуваше со проблем со тетивата, додека Бразилецот Ричарлисон ќе биде надвор од терените три до четири недели поради повреда на тетивата заработена играјќи за Бразил на Светското првенство.

Тотенхем е четврти на табелата со 29 бодови по 15 одиграни натпревари, осум бода зад лидерот Арсенал кој има натпревар помалку.