Фудбал
Конте: Ова ќе биде мојот последен натпревар
Италијанскиот стратег Антонио Конте изјави дека ова е неговиот последен натпревар, што ги зачуди новинарите.
Конте очигледно има добра смисла за хумор, па денеска во најавата за натпреварот Челзи – Јунајтед од финалето на ФА Купот, тој рече дека тоа е последниот натпревар, а потоа додаде – во сезонава!
„Сигурен сум дека можам да ви кажам дека ова ќе биде мојот последен натпревар… оваа сезона“, се пошегува Конте и додаде:
“За мене и за моите играчи ова ќе биде последниот натпревар од сезоната. Што се однесува до мене, јас имам договор, се залага за клубот, но ајде да размислуваме исклучиво за утрешниот натпревар. Ова е многу важен натпревар за нас, бидејќи имавме тешка сезона, но имаме можност да ја завршиме со трофеј“.
“Секогаш е важно за играчите и менаџерите, но и за фановите да ја завршиме сезоната со некој трофеј. Поради тоа ќе сториме се за да го совладаме Јунајтед и да го освоиме Купот”, изјави поранешниот тренер на Јувентус.
Со оглед на тоа дека Челзи не избори пласман во Лигата на шампионите, шегата може да се претвори во вистината. Наводно Роман Абрамович веќе разговарал со некои кандидати и наскоро може да го смени тренерот.