Поврзи се со нас

Фудбал

Конте: Резултат 0:2 би убил некого, но Интер има карактер

Милано, 22 ноември 2020 (МИА) – Шефот на стручниот штаб на Интер, Антонио Конте, даде свое видување на натпреварот од 8. коло во Серија А против Торино.

До 64-та минута „нероазурите“ губеа со резултат 0:2, а потоа постигнаа четири гола за само дваесетина минути.

– Уште еднаш покажавме дека имаме нешто важно во смисла на карактер, бидејќи резултатот 0:2 би убил некого, но ние имаме карактер. Не ни беше лесно. Среќен сум затоа што направивме кам-бек, но разбирам дека треба да работиме, да го подигнеме нивото на будност и спортски гнев. Во споредба со крајот на минатата сезона, изгубивме многу. Ако не инвестирате на лично ниво, ситуацијата станува посложена. Лукаку рече дека не сме врвен клуб? Драго ми е што тој ја оцени ситуацијата на следниов начин. И јас зборувам за работи што мора да се решат за да бидеме на високо ниво, истакна Конте.

Интер по 8. коло има 15 бода и се наоѓа на 6. место. зс/

loading...

Facebook