Connect with us

Фудбал

Конте сака да го привлече Канте во Интер

Милано, 15 август 2020 (МИА) – Интер го дефинираше играчот од средниот ред на Челси, Н’Голо Канте како главна трансфер цел за летото, објави денес „Газета дело спорт“.

„Сините“ се подготвени да ги разгледаат предлозите за 29-годишниот Французин, тврди италијанското издание, иако тој беше дел од плановите на Френк Лампард во неговата прва сезона на „Стемфорд Бриџ“.

Тренерот на Интер, Антонио Конте инсистира на привлекување на Канте, кој беше составен дел на италијанскиот стручњак во Челси, кога тимот од Лондон триумфираше со титулата во Премиер лигата.

Во сезоната 2019/20, играчот од средниот ред одигра 28 натпревари за англискиот тим и постигна 3 гола. Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на играчот на 80 милиони евра.

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com