Connect with us

Фудбал

Конте: Црвен картон и пенал, го предизвикувам секого да направи нешто подобро во тие услови

Што треба да стори Интер за да не чувствува преголем притисок за утрешниот натпревар?

Ова е едно од прашањата поставени на прес-конференцијата до Антонио Конте, кој одговори на ова во пресрет на натпреварот од Лигата на шампионите против Борусија Менхенгладбах.

„Изразени се многу негативни пресуди за играта против Реал Мадрид, имам слушнато многу луѓе кои зборуваат за играта каде Реал Мадрид го направи она што го сакаше, но заборавајќи дека во 30. минута од првото полувреме бевме десет наспроти единаесет и примивме гол од пенал по 7 минути игра“.

„Го предизвикувам секого да направи нешто подобро во тие услови. 65 минути момчињата вложија многу напор“, рече Конте

„Треба да се подобриме и работиме на тоа за да не се појават овие негативни ситуации што прават сè многу потешко“.

„Утре ќе одиграме многу тежок натпревар против многу добар тим на кој му оди многу добро во Лигата на шампионите“, заврши Конте.