Фудбал
Конте за Тотенхем има четири желби, сите од Италија, дали се невозможна мисија?! Ќе му требаат најмалку 200 милиони евра
Пред неколку дена Антонио Конте и официјално стана нов тренер на англискиот тим Тотенхем. Информациите кои доаѓаат од Англија велат дека тој има четири желби, односно цели, кои сака да ги донесе во Тотенхем. Наводно Конте побарал од раководството да му ги донесат Влаховиќ од Фиорентина, напаѓач кој навистина сезонава игра фантастично, потоа играчот за врска од Милан, Кеси кој подолго време се шпекулира дека можно е да ги напушти „Росонерите“. Но, се чини дека невозможна или тешка мисија се двајца млади фудбалери од редовите на Интер, кои ги тренираше Конте. Едниот е играчот за врска Барела, во кого италијанскиот првак гледа инвестиција за иднината, како и младиот стопер Бастони, за кого исто така во италијанскиот тим веруваат дека ќе биде столбот на одбраната во иднина.
Според „трансфермаркт“ за овие играчи на Тотенхем би му биле потребни околу 200 милиони евра, ако се суди според нивната моментална пазарна вредност.