Фудбал
Контроверзниот Мидо му порача на Зидан: „Не можеш да се ожениш со иста жена двапати“
Зинедин Зидан седна на клупата на Реал Мадрид по втор пат во март 2019 година. Францускиот стручњак не е успешен како првиот пат бидејќи тогаш донесе три титули од Лигата на шампионите во Мадрид.
Ахмед Хосам Хусеин Абделхамид, попознат како Мидо, го коментираше вториот мандат на Зидан на клупата на Реал во интервју за мадридскиот весник „АС“, потенцирајќи дека Французинот не донесе ништо ново.
„Навистина ми се допаѓа Реал Мадрид, тоа е мојот омилен тим. Но, од моја гледна точка, Зидан не донесе ништо ново во Мадрид, што некои би рекле,„ не можете да стапите во брак со иста жена двапати“, изјави поранешниот напаѓач на Ајакс.
До прекинот на шпанската Ла Лига, Реал беше на второто место и ќе ја продолжи големата борба со Барселона за титулата во Ла Лига. Во Лигата на шампионите, „Кралевите“ се блиску до испаѓање со оглед на нивниот пораз од Манчестер Сити во првиот натпревар од 1/8 финалето.
Патем, Зидан долго време се споменува како тренер на Јувентус, меѓутоа засега тој сè уште е лојален на Реал, но не ја „пречкрта“ можноста за заминување.
„Живеам овде во Мадрид. Си ја гледма својата работа. Никој не ме контактираше. Не знам ништо. Знаете како, луѓето многу зборуваат. Чувствувам поддршка од клубот, но на крајот на краиштата знам се како работи. Јас сум тука денес, можеби утре не сум. Се може да се промени“, рече Зидан минатиот месец.