Connect with us

Фудбал

Контроверзниот сопственик нa фудбалски клуб: Вакцинираните играчи не можат да играат, немаат сила

Џиџи Бекали, контроверзниот сопственик на романската ФЦСБ, или Стеауа, повторно го привлече вниманието со еден од своите потези.

Тој за медиумите во Романија изјави дека ќе им забрани на своите вакцинирани играчи да играат. Според него, причината е „што немаат сила“.

Додека во повеќето земји се води кампања за најшироки можни вакцини, Бекали очигледно тврди дека имунизацијата води до негативни ефекти врз фудбалерите.

ФЦСБ моментно е на второто место на табелата во романскиот шампионат со 59 бодови, осум помалку од актуелниот шампион Клуж. Останува да видиме дали Бекали ќе ги спроведе своите зборови на дело.