Други спортови
Корона не ги заобиколи ниту скијачите: Репрезентацијата на САД е во големи проблеми пред Светското првенство во Кортина
Американската скијачка Пола Молтзан е позитивна на коровавирус, а тоа го потврди на својот Инстаграм профил.
“За жал, по тестирањето помеѓу трките во Флачау и Крањска Гора, мојот тест за коронавирус беше позитивен, затоа морам да одам во изолација. Важно е да ги следам упатствата и да се надевам дека ќе се вратам на вистинскиот пат што е можно побрзо”, рече Молтзан.
Оваа информација го загрижи и тимот на СКИ на САД, имајќи предвид дека Молтзанова, заедно со Микаела Шифрин, е најголемиот адут на американската женска репрезентација на Светското првенство во Кортина кон средината на февруари.
Молтзанова ќе ги пропушти трките во Крас Монтана и Гармиш, па ќе има само спуст трка во Вал ди Фаси до СП.
View this post on Instagram