Connect with us

Фудбал

Корона во Интер: Тимот мора да биде изолиран

Интер на официјалната веб-страница објави дека коронавирусот влегол во клубот.

Петмина членови на управата на клубот се заразени со короната, а некои од нив исто така биле во контакт со играчите, па затоа ќе мора да се тестира целиот тим.

Серија А веќе испрати упатства до клубот од Милано да бидат во изолација во следните десет дена, без оглед на резултатите од тестовите.

Ова значи дека Нероазури ќе се соочат со дуелот против Џенова во изолација без тренинг, што може да биде сериозен проблем.

Интер е предводник на Серија А, има убава можност да ја понесе титулата, а овој случај со корона вирусот дојде во незгоден момент.