Connect with us

Други спортови

Коронавирусот ги одложува сите спортски настани во Македонија, се разгледува можноста за забрана на напревари?!

-Нашиот предлог е да се забранат сите јавни собири каде има голема бројка на граѓани без разлика дали се во затворен или отворен простор. Сметам дека треба да се откажат сите големи јавни собири вклучително и спортските натпревари, рече министерот за здравство Венко Филипче и додаде дека предлогот е забраната да важи една недела и потоа доколку има потреба да се одлучи дали ќе биде продолжена.

Предлогот е испратен до Владата, која треба да донесе одлука на владина седница.

Венко Филипче, министер за здравство на прес-конференцијата утрово во Владата со најновите информации за состојбата со коронавирусот.

Инаку, како што информираше Филипче, нема нови случаи на лица позитивни на коронавирус во земјава. Во моментов се чекаат резултати од тестирање на едно лице кое на 22 февруари се вратило од Италија во Струмица. Тој поради покачена температура се јавил во соодветна здравствена установа каде му се направени тестови за присуство на коронавирус.

Една жена на возраст од 50 години е првиот случај со коронавирус во Македонија. Таа е хоспитализирана пред три дена, а информациите велат дека е во добра здравствена состојба.