Фудбал
Коронавирусот го пресели натпреварот од Еврокупот во Белград
Поради страв од ширење на коронавирусот, натпреварот од Еврокупот помеѓу турски Дарусафака и Виртус од Болоња ќе се одигра во Белград.
Италијански тим не беше во можност да влезе во Турција, поради одлуката на Министерството за надворешни работи на земјата да не дозволува влез на лица од земји погодени од коронавирусот.
Па така мечот што требаше да се одигра денес беше одложен за утре, а беше решено да се игра во „Штарк арена“ без публика.
Победникот на овој натпревар ќе се квалификува во плеј-офот на Еврокупот.