Фудбал
Коронавирусот го „пустоши“ Алкмар, можно е одложување на мечот во Неапол
Дуелот од 1. коло од Лига Европа меѓу Наполи и АЗ Алкмар може да биде одложен, имајќи предвид дека голем број играчи на холандскиот тим се позитивни на коронавирусот.
Иако УЕФА инсистира на одигрување на натпреварот, се поизвесно е дека натпреварот помеѓу Наполи и Алкмар ќе биде одложен.
Имено, девет играчи на холандскиот тим се позитивни на вирусот корона, а италијанскиот политичар Чиро Бориело смета дека натпреварот треба да се одложи.
„Ни треба одговорно однесување. Фудбалерите на Алкмар треба да бидат ставени во карантин и натпреварот да се одложи“, изјави Бориело, кој е одговорен за спортот во Неапол пред Градското собрание.
„Не мислам дека општината може да реагира, но локалните здравствени власти во Неапол би можеле. Треба да разбереме што може да се случи ако се одигра натпреварот. Постојат девет позитивни и некои претходни случаи кои всушност предупредуваат дека може да се повторат“, додаде Бориело.