Фудбал
Коронавирусот го спречи Луис Суарез да игра против Барселона
Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез е позитивен на коронавирус.
Лигашкиот фудбал се враќа за викендот, а едно од дербињата ќе го играат Атлетико и Барселона. Многумина со нетрпение го чекаа првиот судир на Луис Суарез со поранешниот клуб, но нема ништо од тоа.
Уругвајскиот фудбалски сојуз потврди дека Суарез е позитивен на коронавирус. Суарез се истакна на стартот на новата сезона во дресот на Атлетико и сигурно ќе го промаши својот тим на еден од најважните натпревари во сезоната.
На девет одиграни натпревари, Уругваецот постигна пет погодоци со една асистенција.