Фудбал
Коронавирусот прави проблеми, италијанската Влада забрани спорт, до 8-ми март нема фудбал во неколку региони
Со одлука на Владата на Италија во неколку региони нема да има фудбал воопшто до 8 март, додека во одредени региони во кои исто така е забележан коронавирус ќе се игра без публика. Забраната за спортски натпревари се однесува регионите Ломбардија, Венета и Емилиа-Ромања и градовите Севона и Пезаро-Урбино.
Тоа значи дека мечевите Аталанта-Лацио, Болоња-Јувентус, Интер – Сасуоло и Верона – Наполи нема да се играат.
Мечевите од ова викенд коло се одложени за 13 мај, меѓу кои и Дербито на Италија кое требаше да се одигра вечерва. Најавен е вонреден состанок на членовите на Серие А со раководството на лигата, бидејќи терминот 13 мај е неприфатлив за дел од нив, но и да се разгледаат можностите што ќе се прави со толку многу одложени мечеви.