Connect with us

Фудбал

Коронавирусот прави проблеми за дербито на Италија

Министерот за спорт Винченцо Спадафора донесе одлука шест мечеви од италијанската Серие А да се играат пред празни трибини поради коронавирусот.

Во Италија, од новиот вирус заразени се повеќе од 200 лица, а досега има седум починати.

Со оглед на тоа дека северот на Италија е најмногу погоден, донесена е одлука сите мечеви во тој дел да се играат без присуство на навивачи.

Еден од тие мечеви е дербито на Италија кое на програмата е во недела, а во кое во Торино, Јувентус е домаќин на Интер.

Останатите мечеви се Удинезе-Фиорентина, Милан-Џенова, Парма-СПАЛ, Сасуоло-Бреша и Сампдорија-Верона.

Првиот меч кој ќе се игра без публика е оној на Интер во четврток против Лудогорец во рамките на ЛЕ.