Connect with us

Фудбал

Коронавирусот „влезе“ и во Барселона

Барселона денес објави дека во нивниот тим има и играч кој е позитивен на коронавирус.

Каталонскиот клуб немаше случај на коронавирус во нивниот тим оваа сезона со исклучок на Миралем Пјаниќ, но тој се зарази пред да се приклучи на новиот клуб.

Сепак, Барселона сега е „заразена“ затоа што клубот потврди дека Сержи Роберто е позитивен на коронавирус и дека тој веќе е во изолација.

Роберто беше тестиран вчера и доби позитивен резултат. Тој веќе е дома бидејќи се опоравува од повредата и немаше контакт со ниту еден играч на Барселона во последните десет дена, што секако е добра вест за клубот.