Фудбал
„Корпа“ за Игуаин од Атлетик Билбао: Не ги исполнува условите да го носи овој дрес
„Марка“ објави дека големи се шансите Гонзало Игуаин од следната сезона да го носи дресот на Атлетик Билбао. Сепак, брзо стигна демант од страна на првите луѓе на клубот. Познато е дека во Атлетик Болбао играат само фудбалери кои се родени во Баскија, кои се баскијци, или нивните родители, или пак дедовци и баби потекнуваат од Баскија. Игуаин не ги исполнува условите.
-Барем да беше роден или пораснал тука, изјавил Рафа Алкорта, директор на клубот, кој потоа додава:
-Ако не ги исполнува овие два услови…Неговите предци во овој случај не се сметаат, не знам дали ќе се сметаат во иднина, но во моментов не, вели Алкорта.
„Марка“ во текстот напиша дека прадедото на Игуаин од страната на неговиот татко е Баскиец и според тоа има право да настапува за клубот од „Сан Мамеш“.