Кошарка
Кошаркарите на Реал Мадрид во страв, дури 500 полицајци во Белград како лична заштита, вечерва ги чека „пекол“
Кошаркарите на Партизан и Реал Мадрид вечерва од 20:30 часот во Белград го играат третиот натпревар од четврт-финалето на Евролигата. Последниот натпревар заврши со масовна тепачка, па кошаркарите на Реал се под специјална придружба во Србија.
Старк Арената ќе биде исполнета до крај, немаше ни близу побарувачката за билети. Српски Телеграф неофицијално дознава дека играчите на Реал ги чуваат 500 полицајци. Партизан води во серијата со вкупен резултат 2:0 и вечерва има шанса со победа да се пласира во полуфиналето на Евролигата.
Проблем за двата тима се суспензии на по двајца играчи. За Партизан нема да играат Кевин Пантер и Матијас Лесорт, додека за Реал нема да играат Гершон Јабуселе и Габриел Дек.