Connect with us

Кошарка

Кошаркарот на Портланд се здоби со сериозна повреда, а прв се огласи Јусуф Нуркиќ

Синоќа ЛА Лејкерс го совладаа Блејзерс Портланд Трејл 136:113.

Леброн Џeјмс и Ентони Дејвис повторно ги предводеа Лејкерс до нова победа, а сега оваа екипа има сооднос од 20-3. Но, натпреварот со Портланд беше обележан со повреда на кошаркарот на домашниот тим, Родни Худ.

Худ беше повреден по само девет минути игра и го напушти теренот со болна гримаса. Немаше контакт со кошаркар на Лејкерс, а повредата настана откако незгодно скокна.

Од Портланд ја соопштија тажната вест затоа што по деталните прегледи се покажа дека тој ја повредил Ахиловата тетива на левата нога. Тој сега жсе очекува да има долга пауза, а кошарката на Портланд доби голема поддршка на социјалните мрежи од цела НБА лига.

Кошаркарот Јусуф Нуркиќ кој исто така се опоравува од сериозна повреда. Нуркиќ кратко рече: „Те сакам брат“.