Connect with us

Кошарка

Кошаркарот на Вориорс го скрши лактот по страшниот пад, сите зборуваат за „валканиот“ старт на Брукс (ВИДЕО)

Мемфис и Голден Стејт синоќа го одиграа вториот натпревар во четвртфиналето на НБА плеј-офот.

Гризлис ги победија Вориорс со 106:101 и израмнија во серијата на 1:1. Тоа беше вечерта на Џа Моранта кој постигна дури 47 поени со осум скока и осум асистенции.

Сепак, натпреварот го одбележа тешката повреда на гостинскиот кошаркар Гери Пејтон Втори, кој на стартот на мечот се повреди од Дилон Брукс.

Кога отиде до кошот, Брукс го удри по глава, а на крајот незгодно слета на подот и го скрши лактот.

„Ова не беше физички почеток, тоа беше валкан почеток. Гери сега е во болница на скенирање на раката, а Дрејмонд доби конци на лицето“, рече тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, алудирајќи на ударот со лактот што Дрејмонд Грин го заработи во состанок.

Кер тврди дека Брукс го прекршил кодот со намерен фаул, а засега не се знае колку долго ќе отсуствува Пејтон поради скршеница на лактот, но факт е дека нема да го гледаме толку брзо на НБА паркетот…

Реклама

Facebook