Connect with us

Кошарка

Кошаркарската федерација дели македонски пасоши, по Ти Џеј, за Македонија ќе игра и Американка (ФОТО)

Кошаркарката на евролигашот УСК Прага, Мерит Хемпе ќе биде нов член на нашата женска репрезентација во продолжението од квалификациите за женскиот Евробаскет 2023, објавено е на официјалниот сајт на КФМ.

Искусната кошарка, родена на 27.јули во 1994 година во Фредериксбург, во САД, која со своите 193. сантиметри игра на крилната позиција, доби македонско државјанство, момент кој овозможува да игра како натурализирана кошаркарка за нашата најдобра женска селекција.

Хемпе, иако има 28. години, важи за доста искусна интернационалка, која по завршувањето на Универзитетот Џорџија, каде во сениорската сезона имаше просечни 9.6 поени и 6.1 скока, премина во Европа.

Во сезоната 2016/2017 за свој прв клуб на Стариот континент го одбра германскиот Кемниц, каде на 22.натпревари дојде до просек од 18.2 поени и 8.6 скока за просечно одиграни по 31.минута по натпревар.

Следната станица во нејзината кариера беше Русија, поточно Казаночка. Ќе го памети престојот во клубот од Казан по 24.одиграни натпревари и просек од 9.2 поени и 3.3 скока.