Connect with us

Фудбал

Косовските навивачи ја исвиркаа химната на Израел, но што покажуваа Израелците пред почетокот на мечот, еве го одговорот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Израел синоќа загубија со 1:0 од Косово во Приштина и ги намалија шансите за директен пласман на ЕП, а големо внимание привлече една сцена пред почетокот на натпреварот.

Пред натпреварот беа интонирани националните химни, а косовските навивачи ја исвиркаа химната на Израел.

Израелците со рацете покажуваа необични знаци пред камерите, а никому не му беше јасно за што се работи, но набрзо стигна објаснување.

Имено, додека се свиреше националната химна, фудбалерите со рацете направија симбол со пола срце и на тој начин им оддадоа почит на заложниците кои Хамас ги држи во заробеништво во Газа по нападот на Израел на 7 октомври.
„Тоа покажува дека срцето не е целосно без тие да се вратат дома. Моментот беше извалкан од гласните свирежи на косовските навивачи“, пишува Тајмс оф Израел.