Фудбал
Ковач гледа спас во Сон
Јужнокорејскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Сон Хеунг Мин, е најновата желба на предводникот на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), Нико Ковач.

Хрватскиот стручњак е во потрага по нов крилен напаѓач кој треба да биде достојна замена за ветераните Ариен Робен и Франк Рибери. Раководните лица на баварскиот гигант во следните неколку недели ќе испратат официјална понуда за фудбалерот на Тотенхем која нема да биде помала од 40 мил. евра.