Connect with us

Фудбал

Ковач прво ги исплука, а потоа се збогува со играчите

По последниот во низата неуспеси, ремито на домашен терен против екипата на Фортуна од Дизелдорф, иако неговиот тим имаше водство од 3:1, Нико Ковач ги живее последните денови како предводник на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М).

После 12. одиграни кола во Бундес лигата, баварскиот гигант има девет бода помалку од лидерот на табелата, екипата на Борусија од Дортмунд, а германската јавност е убедена дека Баерн (М) до крајот на сезоната грчевито ќе се бори за едно од местата кои водат во групната фаза од Лигата на шампиони.

Веќе е јавна тајна информацијата дека против Ковач се побунија најголемите ѕвезди на „Алијанц арена“, а клупските челници веќе неколку дена преговараат со трофејниот француски стручњак, Арсен Венгер.

Најтиражениот германски весник „Билд“ откри дека во неделата, Ковач ги повикал сите фудбалер на состанок во клупските пострории. Иако сите очекувале анализа на срамното реми против Фортуна, хрватскиот стручњак им се обратил со зборовите: „Јас можеби за брзо време нема да бидам тука, но пред да се случи тоа сакам да направам нешто“.

Потоа, Ковач им се обратил на фудбалерите со зборовите дека тие се најголеми виновници за лошите резултати, а најмногу најголемите ѕвезди. Хрватот им замерил на тоа дека сите биле убедени дека знаат повеќе од него, дека само Хрватот мора жестоко да се бори и да работи за сите.