Connect with us

Фудбал

Ковачиќ против Исланд без грешка

Фудбалерот на Хрватска, Матео Ковачиќ покажа неверојатен процент на точност во натпреварот од третото коло од групната фаза на Светското првенство против Исланд   (2:1).

Тој синоќа на дуелот одигран во Рост на Дон, имаше 79 додавања и сите беа точни. Фудбалерот на Реал со својата 100 процентна точност имаше голем придонес во средниот ред на „коцкестите“.

Ковачиќ беше во стартниот состав и беше заменет на 81. минута од средбата.